| Проекти| LITERA 2019
Целта на фестивалот е да ги презентира најдобрите дела од домашната и светската литература за деца и илустрација. Ќе учествуваат домашни и странски илустратори и издавачки куќи .
Програмата на Меѓународниот фестивал на детска литература и илустрација „Литера“ ќе опфати повеќе активности чија главна цел е подигање на свеста за важноста на литературата за деца и илустрацијата за развојот на современо и квалитетно општество, улогата на литература во интелектуалниот и емотивниот развој на најмладите.
Фестивалот ќе опфати едукација за професионалци, работилници за деца и промоција на квалитетна литература за деца, отвара можност за представување на наши автори надвор од државата и можност за вмрежување. Мастер класови каде ќе го пренесат своето искуство и знаење врвни светски имиња од областа.
Со трибини, ќе отвориме значајни теми за важноста на квалитетна литература за деца за развој на современо општество и емоционалната интелигенција кај најмладите.
Идејата е фестивалот да прерасне во традиција и да се позиционира на мапата на светски фестивали посветени на илустрацијата и литературата за деца.