| Новости |Осум креативни решенија за осмиот роденден

Осум креативни решенија за осмиот роденден

Маркетинг агенцијата Ефектива ќе подари осум креативни решенија за осмиот роденден

Глобалната криза предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 за крако време предизвика бура во економијата. Компаниите мораа брзо да го прилагодат своето работење на новиот начин на живот и да се соочат со низа неочекувани и непланирани предизвици. Голем дел од нив носат одлука прво да ги скратат предвидените буџети за маркетинг активности.
„Тоа е сосема погрешен пристап, бидејќи потрошувачите сè уште се тука. Можеби изолирани дома, но сè уште тука. Оваа криза ќе ја забрза дигиталната трансформација на многу бизниси, бидејќи во наредниот период тоа ќе биде примарниот начин да се задоволат потребите на потрошувачите. Кратењето на буџетите за маркетинг може да предизвикаат намалување на вредноста на брендот. Оваа здравствена криза еден ден ќе заврши, а тогаш ќе биде неопходно да се надомести она што се изгубило додека траела.
Затоа, не го жртвувајте маркетингот, само прилагодете го на новонастаната ситуација“, велат од маркетинг агенцијата Ефектива, која осум години е присутна на пазарот во земјава.
Нивниот концепт на работа е маркетинг базиран на визуелното и уметноста. Од агенцијата одлучија својот осми роденден да го одбележат со осум подароци за копаниите кои се погодени од актуелната криза.


„Свесни сме дека многу компании се соочуваат со проблеми. Затоа одлучивме да подариме односно без финансиски надоместок да изработиме две визуелни решенија за настан или фестивал, два дизајни на амбалажа, две комуникациски стратегии за микро претпијатија погодени од кризата и дизајн на две корици за книга и нивна техничка обработка. Се надеваме дека некому ќе помогнеме барем малку да го надмине тешкиот период“, вели Софија Семенпеева, основач на компнанијата.
Начинот на кој ќе се аплицира за овие проекти ќе биде објавен во втората половина на април. Маркетинг агенцијата Ефектива е препознатлива по авторските проекти како Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца – ЛИТЕРА, „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и првата енциклопедијата за деца за современата македонска уметност.
„Во април, за нашиот роденден, подготвувавме значаен проект во Националната галерија и воедно ќе го отворевме фестивалот Литера, но за жал се откажани заради состојбата со корона вирусот. Ние сме оптимисти и не ги откажуваме настаните туку само ги поместуваме. Храброст е да во ова време – невреме се остане оптимист и да веруваш дека следуваат убави проекти за будење на сите креативни сетил“, заклучуваат од Ефектива.