За Нас

Ефектива е независна маркетинг агенција, лоцирана во Скопје. Нашиот тим е составен од искусни креативци кои работат во различни области во делот на маркетингот и комуникациите. Од маркетинг, графички дизајн,дигитално рекламирање и односи со јавност до креирање веб-страници и апликации, ние се стремиме да ги решиме деловните предизвици на нашите клиенти.

Стратегијата е столб на нашето работење, а во срцето на нашата стратегија се нашите клиенти. Нашите клиенти се наши партнери. Тие кај нас на едно место добиваат сè – од идеја до реализација. Секоја фаза во целокупниот процес на креирање и создавање е внимателно анализирана. Нашата цел е визијата на клиентите да ја претвориме во вистинска приказна. Приказна, која нивните брендови и производи ќе ги доближи до потрошувачите и ќе создаде емотивна врска со нив.

Развиваме маркетинг и комуникациски решенија на дигиталната ера. Нашата визија е поврзување на off line со on line просторите за комуникација. Ова е вистински предизвик во кој вложуваме 100% од нашата креативна енергија, обидувајќи се да го споиме неспоиливото.